Ракитиќ ја „стресе“ Барса, Севилја со предност во Кралскиот куп

Ракитиќ ја „стресе“ Барса, Севилја со предност во Кралскиот куп

пред 3 години

Севилја стигна до 2:0 победа над Барселона во првиот меч од полуфиналето на Кралскиот куп, одбележан со првиот гол на Иван Ракитиќ против својот поранешен клуб по заминувањето минатото лето.

Жил Коунде донесе предност за андалузискиот клуб во 25. минута од мечот, по што иако Барселона имаа повеќе шанси за гол, прв патот до голот го пронајде Иван Ракитиќ во 85. минута за убава предност пред реваншот на „Ноу Камп“. Хрватот, секако, не славеше против својот поранешен клуб.

Во второто полуфинале играат баскиската гордост Атлетик Билбао и клубот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Леванте.

Share
Scroll to Top