„Рангирањето треба да се блокира, да издржиме додека дојдат вакцините“

„Рангирањето треба да се блокира, да издржиме додека дојдат вакцините“

пред 4 години

Францускиот тенисер, Жил Симон е познат по тоа што нема „влакна на јазикот“. Нему не му се допаѓаат условите на повеќето тениски турнири во екот на пандемијата на коронавирусот, пред се е против таканаречените „меури“ каде се сместуваат играчите.

„Ова е компликувана ситуација, оваа криза многу зборува за системот од кој дел сум и јас, од играчите се бара многу напор. Ние сме тие кои трпиме поради намалените фондови, ние сме тие кои најмногу ги поднесуваме острите услови за игра. Јас сум лично против `меури`. Одам на дестинација каде времето е убаво, Калјари, па ќе одам во Барселона, и во Есторил. Не постојат разлики во однос на челинџерите, во смисла дека таму нема корона, иако нема `меури`“ – изјави францускиот тенисер за „Л`кип“.

Симон со јасен став и по однос на рангирањето.

„По мене, рангирањето треба да се блокира. Што е повисок ранкингот, поголем е притисокот. На почетокот на кризата требаше да се донесат други одлуки, а не очајнички да се држат до истиот распоред. Мора да почекаме, да издржиме додека дојдат вакцините“ рече тој.

Share
Scroll to Top