Италијанскиот ветеран Клаудио Раниери е главен кандидат за испразнетото место кај францускиот шампион Лил, тврди „Фут меркато“, иако по заминувањето на Криштоф Галтие има повеќе заинтересирани.
Раниери помина две сезони како тренер на Сампдорија, со кои не успеа да направи ништо посебно и договорот не му беше продолжен. 69-годишниот Италијанец има доволно искуство со работа во Франција, каде што беше тренер на Монако од 2012 до 2014 и една сезона во Нант во 2017/18.
За позицијата во игра се и Лорен Блан, Патрик Виеира, но и Фатих Терим и Лусиен Фавр.