Рано водство на Англија против Чешка, Влашиќ со гол за Хрватска на „Хемпден парк“

Рано водство на Англија против Чешка, Влашиќ со гол за Хрватска на „Хемпден парк“

пред 3 години

Рахим Стерлинг е стрелецот на водечкиот гол за Англија на мечот од Д групата против Чешка.

Фудбалерот на Манчестер Сити погоди со глава во 12 минута по додавањето од Грилиш.

Истиот играч уште во 4. минута можеше да го промени почетниот резултат, но неговиот удар заврши во десната статива од голот на Вацлик.

Во моментов Англија е прва на табелата со 7 бода, по 4 имаат Чешка и Хрватска која во 17 минута поведува во Шкотска против домаќините.

Никола Влашиќ најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник покрај многумина „гледачи“, па Хрватите сега се во предност која ги носи во осминафинале. Изненадувањето на селекторот Далиќ засега носи резултат.

Share
Scroll to Top