Распад! Сити и Челси се повлекуваат од Суперлигата, Атлетико и Барса размислуваат!

Распад! Сити и Челси се повлекуваат од Суперлигата, Атлетико и Барса размислуваат!

пред 4 години

Плановите за Европската Суперлига се пред „распад“ откако Челси, Манчестер сити, Барселона и Атлетико Мадрид наводно се повлекуваат од плановите за настапи на елитното натпреварување.

Според „Би-би-си“, газдата на Челси, Роман Абрамович донел одлука да се подготват документи за повлекување од лигата по притисокот на навивачите и на јавноста, додека според „Сан“, Манчестер сити веќе донела ваква одлука.

Во Шпанија пак, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, објави дека неговиот клуб нема да се приклучи на Суперлигата додека тоа не го одобрат навивачите.

„Ова е нивни клуб, тоа е нивна одлука“, изјавил Лапорта.

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Share
Scroll to Top