Распродажба во Лидс јунајтед

Распродажба во Лидс јунајтед

пред 2 години

Лидс јунајтед подготвуваат распродажба во зимскиот преоден рок. Англиските медиуми пресметаа дека клубот од овие трансфери може да заработи 120.000.000 евра.

„ТНТ“ Бразил, објави дека договорен е трансферот на Рафиња во Баерн Минхен за 50.000.000 евра.

Покрај Рафиња клубот би можеле да го напуштат Робин Кох и англискиот репрезентативец, Калвин Филипс.

Понуда за Кох од 20.000.000 евра во клубот пристигнала од Борусија Дортмунд. Кох од Фрајбург, во 2020 година пристигна во Лидс. Овој играч има осум настапи за германската репрезентација.

Филипс се поврзува со Ливерпул. Проценките се дека неговиот трансфер би можел да биде ист како оној на Рафиња. Прашање е само Јирген Клоп и Ливерпул се подготвени да издвојат 50.000.000 евра.

Share
Scroll to Top