Рашфорд подготвува шокантен трансфер

Рашфорд подготвува шокантен трансфер

пред 8 месеци

Маркус Рашфорд минатата недела се најде во центарот на скандал кога го пропушти тренингот на Манчестер јунајтед поради наводен грип. Медиумите открија дека тој не бил болен туку дека заглавил на забава во Белфаст, каде бил без дозвола на клубот.

Менаџерот Ерик тен Хаг, откако го казни фудбалерот со две неделни плати, околу 650.000 евра, и рече дека проблемот е решен, англските медиуми го тврдат спротивното. Според нив Рашфорд подготвува шокантен трансфер.

„Сан“ пишува дека Рашфорд ќе остане во Манчестер јунајтед до крајот на сезоната и дека нема да го напушти „Олд Трафорд“ во последниот ден од јануарскиот преоден рок бидејќи нема доволно време за трансфер во друг клуб.

Сепак, како што стојат работите, Рашфорд речиси сигурно на лето ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ и ќе премине во редовите на големиот ривал Арсенал.

Арсенал веќе некое време го следи Рашфорд.

Овој 26-годишен напаѓач има договор со Јунајтед до летото 2028 година, а во случај да одлучат да го продадат, сигурно е дека „црвените ѓаволи“ ќе бараат најмалку 60 милиони евра.

Share
Scroll to Top