Реал без Валверде најмалку еден месец

Реал без Валверде најмалку еден месец

пред 3 години

Реал Мадрид, синоќа, загуби на „Местаља“ од Валенсија (4:1) и остана без Уругавецот Феде Валверде. Младиот играч од редот за врска, против Валенсија го повредил коленот. Прогнозите се дека ќе отсуствува нешто повеќе од еден месец.

Реал по репрезентативната пауза има пеколен распоред, од 21.ноември до 6.декември, Реал ќе гостува кај Виљареал во ла Лига и кај Интер во Лигата на шампионите, потоа ќе го пречека Алавес во шпанското првенство, па му следат гостувањата кај Шахтјор во Лигата на шампионите и Севилја во Ла Лига.

На 9.декември во Мадрид ќе пристигне Борусија Менхенгладбах, а серијата на тешки натпревари, фудбалерите на Реал ќе ја завршат со градското дерби против Атлетико.

Share
Scroll to Top