Реал и Серхио Рамос не кријат дека заедничка желба е фудбалерот кариерата да ја заврши во Мадрид. Договорот на 35-годишниот Рамос истекува по завршувањето на сезоната. Преговорите досега не беа успешни, поради едно барање на фудбалерот, откриваат шпанските медиуми.
Реал од Рамос побарале да се согласи на 10 отсто помала плата. Фудбалерот го прифатил барањето на клубот, но одбива да потпише едногодишен договор. Рамос под финансиските услови што му ги понудил клубот сака да добие двегодишен договор.
Според медиумите, извесно е дека двете страни ќе постигнат договор и дека Рамос кариерата ќе ја заврши на „Сантијаго Бернабеу“.