Реал му го нудат Јовиќ на Мурињо

Реал му го нудат Јовиќ на Мурињо

пред 3 години

Реал Мадрид го нудат српскиот напаѓач Лука Јовиќ на Жозе Мурињо во Рома како замена за Един Џеко, кој е пред трансфер во Интер, каде што треба да го замени Ромелу Лукаку.

Според „Ла република“, Мурињо ќе мора да набави дополнително решение во нападот на местото на Џеко, а за Јовиќ ова е шанса да ја врати репутацијата, која му падна по трансферот во „кралскиот клуб“.

Јовиќ минатата сезона беше на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, клубот од каде го купија „кралевите“, но имаше мала минутажа во споредба со сезоната 2018/19, кога беше најдобар стрелец на тимот со 17 гола.

Share
Scroll to Top