Реал победи во Памплона

Реал победи во Памплона

пред 1 година

Фудбалерите на Реал Мадрид како гости ја победија Осасуна со 2:0, во натпреварот од 22. коло.
Шампионот на Шпанија во финишот од мечот дојде до три бода, а стрелци беа Федерико Валверде и Марко Асенсио.

Во 79. минута Уругваецот ја реализираше асистенцијата на Винисиус.

Бразилецот постигна гол и во судиското надополнување, кој беше поништен поради офсајд. Една минута подоцна Марко Асенсио го постави конечниот резултат.

Резултатот можеше да биде и поинаков доколку Осасуна ги реализираше своите шанси при резултат 0:0. Најсеризните ги пропуштија Будимир и Мои Гомез.

Реал е втор на табелата со 51 бод.

Share
Scroll to Top