Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе го пропушти натпреварот со Селта. Рамос има повреда на потколеницата. Искусниот фудбалер веројатно ќе ги пропушти и воведните натпревари на Шпанија, во квалификациите за Светското првенство.
Серхио Рамос, работел одвоено од соиграчите, кои се подготвувале за мечот со Селта. Не ги издржал напорите, поради што тренерот Зинедин Зидан решил тој да не конкурира за место во тимот.
Рамос, по пауза од два месеци, се врати во тимот на Реал минатата недела, играше против Елче во ла Лига и Аталанта во Лигата на шампионите. На овие два натпревари тој беше заменет во второто полувреме.
Покрај Рамос, Реал во Виго ќе биде без Алваро Одриозола, Маријано Дијаз, Еден Азар и Дани Карвахал.
Реал на Селта ќе и гостува во сабота од 16.15 часот.