Реал рутински ја победија Валенсија

Реал рутински ја победија Валенсија

пред 4 години

Реал Мадрид рутински ја совладаа Валенсија во 23 коло. Реал, со два натпревари повеќе, има пет бода помалку од Атлетико. Валенсија, од друга страна е оддалечена само три бода од опасната зона.

Реал на искуство и сув квалитет ја доби Валенсија, чии играчи не направија сериозна акција во текот на целиот натпревар, а згора на тоа дефанзивиците два пати грубо погрешија со што им овозможија на противниците да постигнат два гола.

Реал во раната фаза на мечот, во 12.минута го постигнаа првиот гол преку Карим Бензема, а 30 минути подоцна одличната тимска акција со гол ја заврши Тони Крос.

Share
Scroll to Top