Реал се распрашува за напаѓач кој минатата сезона играше во втората шпанска лига

Реал се распрашува за напаѓач кој минатата сезона играше во втората шпанска лига

пред 3 години

Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач. „Кралскиот клуб“ се поврзува со Ерлинг Халанд, но таа варијанта не е реална, барем не во јануарскиот преоден рок. Португалската „А Бола“, пишува, дека Реал во претстојниот преоден рок ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Бенфика, Давид Нуњез.

Репрезентативецот на Уругвај, во летниот преоден рок, од Алмерија се пресели во Бенфика за 24.000.000 евра. Со Бенфика има договор до 2025 година.

Нуњез има 21 година, тој од почетокот на сезоната за Бенфика настапил на 11 натпревари, постигнал пет гола и забележал шест асистенции.

Реал, планира да го донесе Њуњез како замена за Лука Јовиќ, на чии услуги тренерот Зонедин Зидан не нема да смета. Шпанците тврдат дека позицијата на Јовиќ може да се смени само доколку Зидан добие отказ.

„А Бола“, не објави колку пари Бенфика бара за својот напаѓач, односно колку од Реал се подготвни да понудат за Уругваецот.

Share
Scroll to Top