Реал треба да верува во работата на Зидан

Реал треба да верува во работата на Зидан

пред 3 години

Зинедин Зидан заслужил да ја добие довербата од клупските челници, смета легендата на Реал, Икер Касиљас.

Реал Мадрид, во сите натпреварувања, има само една победа на последните пет натпревари. На последните две средби играчите на Зинедин Зидан забележаа два порази (Алавес 1:2 и Шахтјор 0:2).

Зидан, во средата, по поразот од Шахтјор, рекол дека не размислува да поднесе оставка. И покрај оваа негова изјава, шпанските медиуми шпекулираат дека е можно тој да добие отказ, доколку не избори пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

„Зизу е фантастичен тренер, секогаш ќе направи сè за Реал. Не може да се живее од минатото, но тој ја заслужи довербата од клубот“, рекол Касиљас.

Реал Мадрид, во 12.коло во Ла Лига, утре ќе гостува кај Севилја.

Share
Scroll to Top