Реал ја одбиле првата понуда за Варан

Реал ја одбиле првата понуда за Варан

пред 4 години

Манчестер јунајтед ја испратиле првата понуда на „Сантијаго Бернабеу“ за услугите на Рафаел Варан. Францускиот репрезентативец има договор со Реал до јуни 2022 година, одби да ја продолжи соработката и пора да биде ставен на трансфер-листата.

Реал не се противат на трансферот, но само доколку биат задоволни од понудата. Манчестер јунајтед за Варан понудиле 46 милиони евра, сума која без размислување ја одбиле во Мадрид.

Според медиумите Реал очекуваат да заработат од трансферот на Варан околу 70 милиони евра.

Се претпоставува дека ова е само почеток на преговорите помеѓу двата клуба. Инаку, интерес за Варан покажува и Челси.

Share
Scroll to Top