Реал Мадрид, соопшти, дека клубот поднел тужба против првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас. Покрај Тебас, клубот ќе го тужи и челникот на ЦВЦ фондот, Хабиер де Хауме Гухар, а тужба ќе има и за ЦВЦ фондот.
Реал со поднесувањето на тужните сака да го поништи договорот помеѓу Ла Лига и ЦВЦ фондот. Договорот не е според желбите и намерите на Реал и Барселона.
Соработката помеѓу Ла Лига и Фондот е тешка 2,5 милијарди евра, според договорот 90 отсто од парите ќе им бидат поделени на клубовите.
На двата најголеми шпански клуба не им се допаѓа оваа идеја.
Причината е јасна, Реал и Барселона не се откажале од проектот европска Суперлига.
Еден член во договорот помеѓу Ла Лига и ЦВЦ, вели дека шпанските клубови нема да можат да настапат во европската Суперлига, доколку таа некогаш биде формирана.