„Редовно гледам снимки од моите дриблинзи“

„Редовно гледам снимки од моите дриблинзи“

пред 3 години

Бразилецот Роналдо често се враќал во минатото гледајќи снимки од своите натпревари.

Роналдо, имаше блескава кариера во ПСВ; Барселона, Интер и Реал Мадрид. Со Бразил во 2002 година ја освои светската титула.

„Речиси секоја недела гледам некој натпревар од минатото. Имам и омилено видео. Некој направил компилација од моите 256 дриблинзи, кога топката оди меѓу нозете на противниците. Не можев да поверувам дека толку многу такви дриблинзи сум имал. Обожувам да го гледам тоа видео“, рекол Роналдо.

Станува збор за компилација која трае шест минути и кое е гледано само 12.000 пати. Прашање е колку Роналдо го гледал споменатото видео.



Share
Scroll to Top