Ред бул донесоа ново (контроверзно) задно крило во Баку

Ред бул донесоа ново (контроверзно) задно крило во Баку

пред 3 години

По заканите на протест од Мерцедес за задното крило на Ред бул рејсинг на Азербејџанското ГП во Баку, австрискиот тим реши да донесе сосема нов дизајн за трката овој викенд, одлука која сигурно ќе донесе многу дискусија.

ФИА реши да ја „затвори“ дупката во правилата околу флексибилното задно крило на Ред бул и на другите Ф1 тимови по интервенцијата на Мерцедес, но тоа ќе се случи по трката во Азербејџан, што ги предизвика Мерцедес да се заканат со протест на трката овој викенд.

Во Ред бул одговорија со најави за контрапротест за предното крило, а најавите од австрискиот тим велат дека ова не е угодување на Мерцедес, туку само еволуција на нивниот дизајн. Забележителна разлика е во крајните плочки на крилото, кои се рамни, а и главната табла е речиси рамна, како што може да се забележи од фотографијата. Дали тоа ќе донесе бонус стотинки на уличната трка или ќе предизвика уште поостра реакција од Мерцедес, останува да се види.

Share
Scroll to Top