Карим Бензема со два гола го однесе Реал, во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. Поранешниот француски репрезентативец, против Борусија Менхенгладбах, погоди во деветтата и 32.минута.
Бензема е еден од тројцата играчи со најголем број на постигнати голови, во Лигата на шампинити. Пред него се само двајца играчи, оние што доминираат во изминатите 15 години, Лионел Меси (71 гол) и Кристијано Роналдо (67). Бензема, во кариерата, постигнал 51 гол во Лигата на шампионите.
? Champions League group stage goals:
⚽️7⃣1⃣ Lionel Messi
⚽️6⃣7⃣ Cristiano Ronaldo
⚽️5⃣1⃣ Karim Benzema#UCL pic.twitter.com/RnIqRzbvRr— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) December 9, 2020
Бензема против Борусија постигна два исти гола, со глава, по нафарлувањата на Лукас Васкез и Родриго.
Од сезоната 2016/2017, никој не постигнал повеќе голови со глава од Бензема (10).
Дуелот со Борусија беше 527 за Бензема во дресот на Реал. На вечната листа се израмни со Роберто Карлос. Овие двајца се странци со најмногу одиграни натпревари за Реал.