Рекорд на Леброн, Беки Хемонд влезе во историјата, „поплава“ од поени во Бруклин

Рекорд на Леброн, Беки Хемонд влезе во историјата, „поплава“ од поени во Бруклин

пред 4 години

ЛА Лејкерс, во натпревар кој влезе во историјата на кошарката, славеа победа во Сан Антонио со 121:107. Изминатата ноќ за издвојување е и дуелот во Бруклин, во кој Нетс ја победија Атлната со 145:141.

Дуелот во Сан Антонио мина во знакот на Леброн Џејмс и Беки Хемонд. „Кралот Џејмс“, својот 36 роденден го прослави со 26 поени. Тој стана првиот играч кој на 1.000 натпревар во низа постигнал двоцифрен број на поени.

Од друга страна Беки Хемонд стана првата жена кој предводела НБА екипа во регуларниот дел од сезоната. Хемонд ја презеде функцијата откако Грег Поповиќ беше исклучен во првото полувреме.

ЛА Клиперси со Каваи Ленард славеа во дербито против Портланд 128:105. Ленард забележа 28 поени, а Пол Џорџ имаше 23 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Во Бруклин, Нетс и Атланта постигнаа по 100 поени по само три четвртини. Мечот го реши Кајри Ирвинг кој постигна 17 поени во последната четвртина. Бруклин го предводеше Кевин Дурент со 33 поени, 11 скока и 8 асистенции. Кај Атланта тандемот Јанг-Колинс постигна по 30 поени, а Богдановиќ уфрли 22 поени (6 тројки).

Бостон го декласира Мемфис со 126:107. Џејлен Браун за три четвртини постигна рекордни, во кариерата, 42 поени.

Изненадувањето на вечерта го приредија кошаркарите на Шарлот Хорнетс со победата во Далас 118:99. ЛаМело Бол постигна 22, а Бриџис 20 поени. Дончиќ одигра лош меч за Далас (12 поени и 5 асистенции).



Share
Scroll to Top