Ремизираа Леванте и Елче

Ремизираа Леванте и Елче

пред 3 години

Леванте и Елче одиграа без победник, 1.1, во првиот натпревар од 10.Коло во Ла Лига.

Домашниот тим, во раната фаза од натпреварот, успеа да стигне до предност. Марио Мелеро постигна гол во 12.минута. Гостите израмнија во 64.минута преку Тете. Кај Леванте го немаше македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој поради повреда на грбот ќе паузира неколку недели.

Елче се наоѓа на седмата позиција на табелата со 12 поени, а Леванте се 17-ти со само седум поени.

Во наредното коло Леванте гостува кај Ваљадолид, а Елче ќе го пречека Кадиз.

Share
Scroll to Top