Ремито кај Рен ги оддалечи ПСЖ од француската титула

Ремито кај Рен ги оддалечи ПСЖ од француската титула

пред 3 години

Ниту контроверзно досудениот пенал не беше доволен за Пари Сен-Жермен да стигне до победа на гостувањето кај Рен, одигрувајќи само 1:1, резултат кој ги остава на три поени од лидерот Лил на само две кола до крајот на сезоната.

Нејмар го прослави потпишувањето на новиот договор со „светците“ со голот од пенал во финишот на првото полувреме, кој беше досуден и покрај протестите на играчите на Рен, меѓутоа Серу Жираси израмни во 71. минута, а фрустрациите во ПСЖ се зголемија во финишот на мечот, кога Преснел Кимпембе доби директен црвен картон.

Разликата од три поени која сега Лил ја има на врвот табелата значи дека тимот на Маурисио Почетино ќе мора да чека кикс на противниците во последните два меча. Лил играат со дома со Сент-Етјен и гостуваат кај Анжер, додека ПСЖ ги пречекува Ремс во следното коло, пред да гостува кај „отпишаните“ Брест. Претходно, ПСЖ ги чека финалето од Купот на Франција против Монпелје, веќе во среда.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top