Ренџерс и Камара бараат исфрлање на Славија Прага од Лига Европа!

Ренџерс и Камара бараат исфрлање на Славија Прага од Лига Европа!

пред 4 години

Претставниците на фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Глен Камара, бараат фудбалерот на Славија Прага, Ондреј Кудела да добие едногодишна суспензија, а чешкиот клуб да биде исфрлен од Лига Европа, откако шкотската полиција потврди дека ги истражува наводните расистички извици на Кудела кон Камара во текот на мечот минатиот четврток.

Според адвокатот на Камара, Амер Анвар, Кудела го нарекол противникот „еб.н мајмун“, и сега шкотската полиција наводно повторно ќе разговара со чешкиот фудбалер кога тој ќе се врати во Велика Британија за мечот на Славија со Арсенал во четврт-финалето на Лига Европа.

Мечот на „Ајброкс“ беше одбележан со низа инциденти – Ренџерс завршија со 9 играчи и испаднаа по 0:2 поразот, а Кудела тврдеше дека бил удиран од Камара во тунелот по крајот на мечот. Од клубот изјавија дека тој не му кажал дека е „мајмун“ туку дека е „е.ан човек“. Славија поднесе поставка до шкотската полиција преку чешката амбасада.

Славија објави видео за тортурата во Глазгов – Ова УЕФА мора да го види

Share
Scroll to Top