Ракометниот вицепрвак Алкалоид ја отвори сезоната со победа. Во првото коло Алкалоид го декласира РК Скопје со 40:21 (23:11) во салата „Автокоманда“.
Избраниците на Кирил Лазаров покажаа брз и ефикасен ракомет.
Најдобар стрелец во редовите на Алкалоид беше новото странско засилување Арно Бинго со шест гола, пред Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов, Дарио Кофиловски и Александар Петковски кои стрелаа по пет пати.
Во следното коло кое е закажано следниот викенд, РК Алкалоид ќе го има првото суперлигашко гостување оваа сезона кај тимот на ГРК Охрид.