РНЛ, сепак, пресилни за Еурофарм Пелистер

РНЛ, сепак, пресилни за Еурофарм Пелистер

пред 3 години

Еурофарм Пелистер доживеа очекуван висок пораз на гостувањето кај првите фаворити во нивната група во ЕХФ Лига Европа, Рајн-Некар Левен, губејќи со 28:20 (14:11).

По првичното водство од 0:1, и одличните први десетина минути во кои држеа ритам со далеку пореномираниот противник, РНЛ направи предност од три гола на полувреме (14:11), која подоцна ја зголемуваше до конечните 28:20. За бундеслигашот, кој е на второто место на табелата во Германија, Каспар Фајгел имаше 7 гола, а Уве Генсхајмер додаде шест, додека за македонскиот клуб, најефикасен беше Јосип Периќ со пет гола.

По три меча во новото натпреварување на ЕХФ, Пелистер има едно реми и два порази, откако претходно во два меча со Кадетен и ГОГ испуштаа водство во последните минути од мечот. Следен противник за тимот на Жељко Бабиќ е гостувањето кај словенечкиот Требње следниот вторник.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Share
Scroll to Top