Франција извлече реми во Киев, драмaтични гостински победи за Данска и Хрватска

Франција извлече реми во Киев, драмaтични гостински победи за Данска и Хрватска

пред 3 години

Нови седум натпревари се одиграа вечерва во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Дербито во Киев, каде играа Ураина и Франција заврши без победник 1:1.

Украина не победува, но и не губи во овие квалификации. Сите пет мечеви што ги одиграа досега Украинците во Д-групата, завршија без победник. Франција од друга страна има две победи и три нерешени резултати.

Шрапенко, со прекрасен гол во 44.минута донесе предност за Украина. За играчот на Динамо Киев ова беше прв гол во националниот тим. Израмни Марсијал во 50.минута.

Данска во Ф-групата тешко стигнадо победата против аутсајдерот Фарски острови. Винд го постигна единствениот гол на мечот во 85.минута. Минута претходно Фарските острови останаа со фудбалер помалку на теренот.

Минимална победа во оваа група забележа Шкотска над Молдавија. Голот за победа го постигна Дајкс во 14.минута.

Во рамките на оваа група се одигра најефикасниот натпревар. Израел ја победи Австрија со 5:2. Блескаа напаѓалите на Израел: два гола постигна Захави, а по еден Соломон, Дабур и Вајсман.

Данска има максимални 15 поени, Израел се проби на второто место со 10, Шкотска е на осум, Австрија на седум, а Фраските острови и Молдавија на по еден бод.

Холандија, во Г-групата, ја декласира Црна Гора со 4:0. Два гола постигна Депај, а по еден Вајналдум и Гакпо. Турција очекувано победи во Гибралтар. Турците победија со 3:0.

Турците ја предводат групата со 11 бодови, еден помалку имаат Холандија и Норвешка, Црна Гора остана на седум, Латвија има четири бода, а Гибралтар се без бодови.

Дербито во Х-групата и припадна на Хрватска. Хрватите во Братислава славеа над Словачка со 1:0. Голот за победа го постигна Брозовиќ во 86.минута.

Русија и Хрватска имаат по 10 поени, Словенија има седум, Словачка шест, а Малта и Кипар по четири бода.

Share
Scroll to Top