Робен се врати со две асистенции за 10 минути, па заплака пред камерите

Робен се врати со две асистенции за 10 минути, па заплака пред камерите

пред 3 години

Холандскиот ветеран Арјен Робен, конечно беше стартер за неговиот Гронинген, постигнувајќи две асистенции за 10 минути за да помогне за 4:0 победа над Емен, по што се расплака во текот на интервјуто.

Робен, кој кариерата ја почна токму во Гронинген, пред да игра за ПСВ, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен, последните неколку месеци се мачеше со повреди, но тоа не му пречеше двапати да го пронајде Де Круз за победа.

„Поминав низ многу тешки работи, но вредеше токму поради ова. Сакам да играм, да помогнам на клубот и се надевам дека ќе успеам. Не престанав да се борам“, вели Робен.

Share
Scroll to Top