Робертсон ги пропушта Ајакс и Челзи

Робертсон ги пропушта Ајакс и Челзи

пред 2 години

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон (28) заработи повреда на коленото и ќе отсуствува неколку недели, соопштија од клубот. Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп им објасни на новинарите дека повредата не е сериозна, но дека Робертсон ќе мора да пропушти некои натпревари.

Џордан Хендерсон, Ибрахима Конате, Кертис Џонс, Алекс Окслејд-Чембрлен, Келвин Ремзи и Наби Кеита неодамна имаа проблеми со повреди во тимот од Мерсисајд. Робертсон ќе биде само уште еден во низата играчи, кои „пристигнуваат во амбуланта“.

Репрезентативецот на Шкотска би можел да се врати во тимот во октомври, но во меѓувреме ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Ајакс (13 септември) и веројатно првенствената пресметка против Челзи.

Share
Scroll to Top