Робертсон е искрен: Не сме во борба за титулата

Робертсон е искрен: Не сме во борба за титулата

пред 3 години

Сензационалниот пораз од Брајтон дополнително ги оддалечи фудбалерите на Ливерпул, од одбраната на шампионската титула. „Црвените“, имаат седум поени помалку од лидерот Манчестер сити.

„Како сега стојат работите, во овој момент ние не се наоѓаме во борбата за титулата. Сити имаат седум бода повеќе од нас, а ние имаме одиграно и натпревар повеќе“, рекол левиот бек на Ливерпул, Ендрју Робертсон.

„Кога не играш добро и резултатите не можат да бидат добри. Ние и понатаму сме добар тим, не се претворивме преку ноќ во лоша екипа“, заклучил Шкотланѓанецот.

Ливерпул, в недела, ќе го одигра веројатно клучниот меч сезонава во Премиер лигата. На „Енфилд“ ќе гостува лидерот Манчестер сити, нов кикс, ќе стави и крај на шампионските амбиции на Ливерпул.

Share
Scroll to Top