Рома го регистрираше Смолинг на 60 секунди пред крајот на преодниот рок!

Рома го регистрираше Смолинг на 60 секунди пред крајот на преодниот рок!

пред 4 години

Крис Смолинг, конечно, по 10 години си замина од Манчестер јунајтед во понеделникот навечер, откако Рома на најдраматичен можен начин го обезбеди трансферот на англискиот дефанзивец на само 60 секунди пред крајот на процесот за регистрација во италијанската лига.

Смолинг беше вратен од Рома по едногодишната позајмица, но и тој и италијанскиот клуб сакаа да ја продолжат соработката, а Оле Гунар Солскјер немаше планови да го користи 30-годишниот дефанзивец, така што проблемот беше само да исполнат финансиските барања на клубот.

Според италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“, Рома платиле 15 милиони евра и му дале четиригодишен договор на Англичанецот. Агентот на Смолинг, Џејмс Федерстоун, според англиските медиуми имал подготвено приватен авион за тој да отпатува во Италија по договорањето, и го потврди договорот со зборовите: „Добрите работи доаѓаат за тие кои чекаат“.

Share
Scroll to Top