Рома сигурна пред 60 илјади фанови во Рим, Фенер на Алиоски извлече поен во Франција

Рома сигурна пред 60 илјади фанови во Рим, Фенер на Алиоски извлече поен во Франција

пред 2 години

Рома не дозволи ново изненадување во второто коло на Лига Европа, победувајќи го финскиот ХЈК Хелсинки со убедливи 3:0 на „Олимпико“, каде што имаше над 60 илјади верни навивачи на „волчицата“.

Откако во првото коло загубија на гости кај Лудогорец (2:1) во драматичен меч, Рома уште во 15. минута доби предност кога гостинскиот дефанзивец Миро Тенхо доби црвен картон. Но, за гол се чекаше до второто полувреме, кога веднаш по влегувањето во игра, Пауло Дибала го постигна својот прв гол во кариерата во Лига Европа.  Само две минути, Николо Ѕаниоло му асистираше на Лоренцо Пелегрини за 2:0, за Ѕаниоло потоа во 68. минута да го најде и Андреа Белоти за комплетирање на победата. Во нивната група, Реал Бетис останува лидер по 3:2 победата над Лудогорец.

Фенербахче, за кои Езѓан Алиоски влезе во игра во последните половина час, со пеналот на Енер Валенсија во 92. минута извлекоа 2:2 на гостувањето кај францускиот Рен во вториот најинтересен меч во Лига Европа.

Доста „забавно“ беше и во Конференциската лига. Вест хем стигна до 3:2 драматична победа кај данскиот Силкеборг,  Партизан во Белград одигра 1:1 со Ница, додека Фиорентина загуби со 3:о на гости кај Башакшехир.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА А
Бодо/Глимт – Цирих 2:1
Арсенал – ПСВ Ајндховен одложено
ГРУПА Б
Динамо Киев – АЕК Ларнака 0:1
Рен – Фенербахче 2:2
ГРУПА Ц
Рома – ХЈК Хелсинки 3:0
Реал Бетис – Лудогорец 3:2
ГРУПА Д
Брага – Унион Берлин 1:0
Унион Сен-Жил – Малме 3:2

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА А
Башакшехир – Фиорентина 3:0
РФС Рига – Хартс 0:2
ГРУПА Б
ФЦСБ – Андерлехт 0:0
Силкеборг – Вест хем 1:3
ГРУПА Ц
Хапоел Бер Шева – Вилјареал 1:2
Лех Познањ – Австрија Виена 4:1
ГРУПА Д
Келн – Словацко 4:2
Партизан – Ница 1:1

ЛИГА ЕВРОПА

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

Share
Scroll to Top