Ромеро нема дилема кој треба да ја добие „десетката“ во репрезентацијата на Аргентина

Ромеро нема дилема кој треба да ја добие „десетката“ во репрезентацијата на Аргентина

пред 3 часа

Лионел Меси се збогува со дресот на аргентинската репрезентација минатиот месец, а многумина се прашуваат кој ќе го носи дресот со број десет.

Новиот капитен, Кристијан Ромеро, исто така зборуваше за тоа, и тој нема дилема кому треба да му припадне култната десетка.

„Ако требаше јас да решам, би му го дал дресот со број десет на Хулијан Алварез. Немам никакви дилеми околу тоа“, рече Ромеро.

Искусниот стопер вели дека „десетката“ треба да му се даде на еден од поискусните репрезентативци кои долго време се во тимот, бидејќи се плаши дека таквата одговорност би била преголема за помладите играчи.

Кој ќе ја добие „десетката“ ќе биде познато овој месец кога Аргентина ќе одигра два пријателски натпревари.

Тие ќе го играат својот прв натпревар на 13 ноември на „Бомбонера“ против Уругвај, а потоа четири дена подоцна ќе се сретнат со Костарика во Кордоба. Ова ќе бидат првите натпревари на Аргентина без Меси.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top