Јуве под истрага за тестот на државјанство на Луис Суарез

пред 3 години

Италијанските власти потврдија дека ќе отворат истрага за тестот за државјанство на Луис Суарез во септември, со сомнежи дека се работи за нелегална процедура помогната од најмоќните луѓе на шампионот Јувентус.

Суарез беше на тест за италијански јазик на Универзитетот во Перуџа по шпекулациите дека Јувентус сакаат да го откупат од Барселона, а веќе имаат пополнето квота на играчи надвор од ЕУ. Овој трансфер не се случи и Суарез на крајот замина во Атлетико Мадрид.

Обвинителството во Перуџа потврди дека ректорот на Универзитетот, Џулијана Греко, директорот на Универзитетот, Симоне Оливиери и професорите Стефанија Спина и Лоренцо Рока се суспендирани на осум месеци поради „објавување на професионални тајни“.

„Соддржината на тестот предвреме му била дадена на фудбалерот, за тој да може да ги исполни условите по барањето на Јувентус за подобрување на личниот имиџ и тој на Универзитетот. На почетокот на септември, менаџерскиот тим на Јувентус на највисоко ниво сакале да го забрзаат доделувањето државјанство на Суарез“, се вели во одлуката на обвинителството.

Share
Scroll to Top