Ромеро подготвен да се откаже и од платите, само Јунајтед да го пуштат да си оди

Ромеро подготвен да се откаже и од платите, само Јунајтед да го пуштат да си оди

пред 4 години

Серхио Ромеро ги молел Манчестер јунајтед да си замине во летниот преоден рок и имал преговори со Евертон за трансфер, тврдат британските медиуми.

33-годишниот аргентински голман сега е трет избор во Јунајтед по Давид де Хеа и Дин Хендерсон, а неодамна неговата сопруга преку социјалните мрежи го нападна клубот за тоа што решиле да го заддржат и покрај малите шанси да игра.

Евертон биле подготвени да му дадат целосна плата од 100.000 фунти неделно, но по неуспехот да се договорат, Ромеро бил подготвен дури и да се откаже од 1.5 милиони фунти кои му ги должи Јунајтед за договорот, само да му биде дозволено да му биде прекинат договорот на крајот на месецот и да се пресели во американската МЛС лига.

Поранешниот голма на Монако има само седум настапи во Премиер лигата откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2015 година.

На Ромеро му пропадна трансферот, неговата сопруга го обвини Манчестер Јунајтед

Share
Scroll to Top