Роналдо ги мина лекарските прегледи, потпиша двегодишен договор со Манчестер јунајтед

Роналдо ги мина лекарските прегледи, потпиша двегодишен договор со Манчестер јунајтед

пред 3 години

Кристијано Роналдо успешно ги минал медицинските прегледи и го ставил својот потпис на двегодишниот договор со Манчестер јунајтед. Медицинските прегледи биле извршени во Португалија. Роналдо на новите соиграчи ќе им се приклучи за две недели, односно по репрезентативната пауза.

Манчестер јунајтед за услугите на Роналдо на Јувентус ќе им плати 15 милиони евра. Јувентус, преку бонусите ќе можат да инкасираат дополнителни осум милиони евра.

Кристијано Роналдо, во периодот од 2003 до 2009 година, за Манчестер јунајтед одигра 292 натпревари, на кои постигна 118 голови.

Со „црвените ѓаволи“ три пати ја има освоено Премиер лигата, два пати го освоил Лига купот, а по еднаш Лигата на шампионите, Комјунити шилд и Светско првенство за клубови.

Share
Scroll to Top