„Роналдо имаше проблеми со соиграчите во Јувентус“

„Роналдо имаше проблеми со соиграчите во Јувентус“

пред 3 години

Поранешниот француски репрезентативец, Давид Трезеге, во интервју за „Газета дело Спорт“, рекол дека Кристијано Роналдо имал проблеми со некои играчи во Јувентус.

Според Трезеге, Роналдо сметал дека клубот погрешил што го продал Кингсли Коман во Баерн Минхен. За Роналдо тоа била една од најголемите грешки на челниците на „старата дама“.

„Роналдо е најдоброто засилување во историјата на клубот. Кога го донесоа никој тоа не го очекуваше. Кристијано имаше проблеми сос соиграчите, тоа можеше да се забележи. И покрај тоа постигна 100 голови. Мислам дека никој не го тренирал Роналдо како што тоа го правеше Зинедин Зидан. Можеби во Јувентус има недостиг од комуникација“, рекол Трезеге.

„Постојат тренери кои на своите играчи имаат храброст да им кажат дека одиграле лоши 90 минути, а постојат и играчи кои тренерите не сакаат да ги имаат против себе. Таков играч е Роналдо. И Дибала е таков“, заклучил се уште најдобриот странски стрелец во историјата на Јувентус, Давид Трезеге.

Share
Scroll to Top