Роналдо има трема пред второто деби за Манчестер јунајтед

Роналдо има трема пред второто деби за Манчестер јунајтед

пред 3 години

Кристијано Роналдо, утре ќе го има второто деби за Манчестер јунајтед. Португалецот, во финишот на преодниот рок, по 12 години се врати на „Олд Трафорд“. Јунајтед за неговиот трансфер издвоија 23 милиони фунти, кои ќе ги исплаќаа во пет годишни рати.

Роналдо ќе дебитира против Њукасл. Во изјава за клупската телевизија рекол дека и понатаму и „гладен“ за трофеи.

„Овде сум да продолжам да чекорам по патеката на успесите, сум освоил многу трофеи, но сакам уште. Знам дека сме способни да победуваме“, рекол Роналдо, а потоа се присетил на својот прв мандат во црвениот дрес.

„Од моментот кога слетав во Манчестер ја почувствував добрата енергија, тие луѓе ме гледаа како растам и напредувам во клубот. Дојдов со 18 години, полн со страст и желба за докажување. Кога дебитирав во 2003 година бев нервозен, бидејќи не очекував дека ќе бидам стартер. Ќе бидам нервозен и во сабота против Њукасл, но сека имам големо искуство. Подготвен сум за сите предизвици“, рекол Роналдо за клупската телевизија.

Share
Scroll to Top