Роналдо испрати порака на ФБ: Историјата не се брише!

Роналдо испрати порака на ФБ: Историјата не се брише!

пред 3 години

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо со пост на Фејсбук се обрати по елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите од тимот на Порто поради бројните критики упатени на негова адреса.

Во реванш осминафиналето во ЛШ Јуве на свој терен по продолженија славеше против Порто со 3-2, но загуби во Португалија со 2-1, па со гол повеќе постигнат во гости избраниците на Консеисао се во четвртфинале.

Критиките кон Роналдо се за таа 117 минута кога Порто имаше слободен удар од 30-тина метри, а Португалецот беше еден од тројцата во „живиот ѕид“. Скокна, ги рашири нозете и го заврте грбот кон топката, па таа заврши во мрежата на Шчесни.

„Поважно од бројните разочарувања кои си ги доживеал во животот е како брзо и како повторно ќе застанеш на нозе. Вистинските шампиони никогаш не распукуваат. Фокусирани сме на Калјари, на борбата во Серија А и на италијанскиот Куп, во овие натпреварувања можеме уште многу да сториме сезонава. Минатото е за во музеј, но фудбалот не заборава, па така и јас. Историјата не се брише, може само да се продолжи со пишување, од ден во ден со упорност, со тимска работа и залагање. Тие кои тоа не го разбираат, никогаш нема да се успешни“ напиша Роналдо на Фејсбук.

Share
Scroll to Top