Кристијано Роналдо по 12 години се враќа во Манчестер Јунајтед.
Се се случи многу брзо, а Португалецот ќе потпише двегодишен договор.
Интересно е што Роналдо прв на кого му се пофалил дека се враќа на „Олд Трафорд“ е францускиот фудбалер Патрис Евра. Тој не можел да поверува дека тоа е вистина.
„Повторно ќе играм во нашиот клуб“ напишал Роналдо.
„Престани да бидеш смешен, не сум твој кловн“ одговорил Евра.
Сепак, малку подоцна Французинот увидел дека нема шега и дека Роналдо повторно е меѓу „црвените ѓаволи“.
Му порача на португалскиот ас дека многу го сака и по посака среќа во кариерата.
Тие двајца во Јунајтед играа заедно 3 сезони. Евра дојде зимата 2006 година, а Роналдо го напушти клубот летото 2009 година.