Поранешниот германски репрезентативец, Сами Кедира, во интервју за „Газета дело Спорт“, проговорил за делот од кариерата кој го мина во Јувентус. Кедира говорел за тренерот Масимилијано Алегри и Кристијано Роналдо, со кого претходно играше и во Реал Мадрид.
„Алегри е најдобриот човек што сум го запознал во светот на фудбалот. Веднаш се разбрав со него и покрај тоа што мојот италијански беше катастрофален“, рекол Кедира.
„Кристијано Роналдо е најдобриот играч со кој ми бил соиграч. Точно е дека тој не игра одбрана, дека егото му е големо. Но само погледнете колку трофеи има освоено. Понекогаш е подобро да се браните со деветмина, а да ги имате неговите голови во нападот“.
Сами Кедира е светски првак со Германија од 2014 година. Дресот на Германија го носеше од 2009 до 2018 година.