Роналдо удри по Тен Хаг: Извини, но јас не сум играч за три минути

Роналдо удри по Тен Хаг: Извини, но јас не сум играч за три минути

пред 1 година

Кристијано Роналдо признава дека можеби не требал да реагира со одбивање да влезе во игра против Тотенхем, но посочува дека бил испровоциран од менаџерот Ерик Тен Хаг и дека одлуката на клубот да го казни со тридневна суспензија била „престрога“.

„Жалам што си заминав од стадионот. Можеби, или можеби не, не знам. Тешко е да се кже дека жалам, но исто така да посочам дека бев испровоциран од тренерот. Да ме стави во игра во послендите три минути од мечот. Извини, но јас не сум таков играч. Знам што можам да дадам за тимот. Се извинив на соиграчите, објавив на Инстаграм. Но, тренерот не ме респектираше. Затоа е односот таков. Тој велеше за медиумите дека зборувал со мене, бла, бла, но тоа е само за пред новинарите. 100 отсто“, вели Роналдо.

По инцидентот со Тотенхем, Роналдо беше суспендиран три дена и не беше во тимот за 1:1 ремито со Челси. Но, веднаш потоа, тој беше вратен во тимот и играше на мечевите со Вест хем и Астон вила (како капитен), како и во мечевите со Шериф и Реал Сосиедад во Лига Европа.

„Мислам дека ова беше стратегија од клубот да реагирам така. Навистина сум разочаран од реакцијта на Манчестер јунајтед. Никогаш не сум имал проблем во моите клубови, со ниту еден тренер. И ме суспендираат на три дена, што беше премногу. Тоа беше штета. Се вратив дома и Кристијано ме праша: ‘Тато, не одиш на мечот’. Му кажав: ‘Не, бидејќи ме казнија три дена’. Тој се смееше: ‘Ти си најдобриот играч на светот и нема да играш’. Му кажав: ‘Не се однесував убаво’“, додава Роналдо.

Share
Scroll to Top