„Рохибланкос“ со голема победа во Баскија – Атлетико се одвои на врвот

„Рохибланкос“ со голема победа во Баскија – Атлетико се одвои на врвот

пред 3 години

Атлетико Мадрид стигна до импресивна 2:0 победа на гостувањето кај Реал Сосиедад за да се одвои на врвот на шпанската Ла лига, најавувајќи дека се многу сериозни кандидати за шпанската титула оваа година.

Тимот на Диего Симеоне одговори совршено по поразот во градското дерби од Реал, стигнувајќи до две победи во низа, за да се одвојат на три поени пред Реал на табелата и тоа со еден натпревар помалку.

На „Аноета“, Марио Ермозо во 49. минута ги донесе „рохибланкос“ во водство, пред Маркос Љоренте во 79. минута да го потврди триумфот. Сосиедад по поразот останува на третото место, сега со шест поени зад Атлетико.

ЛА ЛИГА, 15.КОЛО

Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид 0:2

Уеска – Леванте 1:1

Share
Scroll to Top