Рој Кин: Се надевам дека Роналдо не гледаше, ќе сака да го раскине договорот

Рој Кин: Се надевам дека Роналдо не гледаше, ќе сака да го раскине договорот

пред 3 години

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин упати остри критики по лошото прво полувреме против Вулверхемптон, велејќи дека се надева дека Кристијано Роналдо не го гледал мечот, бидејќи ќе сакал да го раскине договорот.

Јунајтед немаа удар на гол во првите 45 минути, додека Вулфс беа импресивни, иако на крајот Мејсон Гринвуд им донесе победа со третиот гол во три меча за него.

„Ако мислат дека само со талентот ќе поминуваат преку мечеви, многу се лажат. Изгледаат како да имале европски меч, да биле во Русија или некаде далеку, се в ратиле доцна и не можат да тргнат. Гринвуд напред е опасен, но играта, говорот на телото, кажува многу. Не ја завршуваат својата работа, ги предаваат топките лесно, нема енергија… Единствена грижа ми е дека Роналдо го гледа натпреварот, бидејќи ќе се повлече од договорот“, објаснува Кин.

Share
Scroll to Top