Рубен Аморим демантира дека е во преговори со Ливерпул

Рубен Аморим демантира дека е во преговори со Ливерпул

пред 8 месеци

Тренерот на Спортиг Лисабон, Рубен Аморим, остро демантираше дека постигнал договор од наредната сезона да го наследи Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул.

Минатата недела „Скај спортс германија“ обајави дека Аморим постигнал вербален договор со Ливерпул, а пото португалските медиуми шпекулира со имињата на фудбалерите кои би можеле да го засилат Ливерпул.

„Не сум се сретнал со Ливерпул. Немаше никаков разговор. Нема никаков договор. Тоа не е вистина“, рече Аморим.

„Јас сум тренер на Спортинг. Сакам да победувам овде и не сум преговарал со друг клуб. Ниту нешто сме договарале, ниту пак нешто е договорено. Престанете со овие приказни. Ова е последен пат да зборувам за мојата иднина “, додаде тренерот на Спортинг.

Share
Scroll to Top