Лестер го освоија „Еланд роунд“ и се искачија на второто место на табелата

Лестер го освоија „Еланд роунд“ и се искачија на второто место на табелата

пред 3 години

Лестер уште еднаш покажа дека е сериозен кандидат за висок пласман во англиската Премиер лига, откако стигнаа до 4:1 победа на гостувањето кај Лидс на „Еланд роуд“ за да се искачат на второто место на табелата, со само еден поен заостанување зад Ливерпул.

Мечот започна лошо за домаќините, откако по една бизарна грешка на одбраната, уште во втората минута кога Харви Барнс донесе водство за „лисиците“, за во 21. минута да биде 0:2 откако по неуспешниот обид на Џејми Варди, Јан Тилеманс ја смести топката во мрежата.

Стјуарт Далас им даде надеж на домаќините во 48. минута откако беше највисок во скокот, но Варди осигура победа за Лестер во 76. минута по една убава и брза акција. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски доби шанса во 83. минута, но беше предоцна за пресврт, а Лестер дојдоа до уште еден гол во 91. минута преку удар од белата точка на Тилеманс.

Лестер сега се на второто место со 15 освоени поени, еден помалку од Ливерпул, додека Лидс се на 12. место со 10 поени.

Share
Scroll to Top