Рускиот тенисер Андреј Рубљев (22) го совлада Борна Чориќ со 7-6 и 6-4 во финалето на турнирот од Серија 500 во Санкт Петербург и на тој начин го освои својот четврти трофеј сезонава, по оние во Доха, Аделаида и Хамбург.
Првиот сет помина во тактичко надмудрување, немаше брејкови, па се стигна до тај-брејк. Тука Чориќ имаше убава предност од 5-2, но со неколку грешки во низа му дозволи на противникот враќање во игра и пресврт за 1-0 во сетови.
Во вториот сет беше нерешено до 2-2, тогаш Русинот направи брејк за 3-2, а потоа следуваше рутинирана завршница.
За Рубљев ова е шести трофеј во кариерата, а за Хрватот ова е петто загубено финале. Досега има само 2 освоени тениски трофеи.
Рускиот тенисер утре ќе биде осми на АТП листата.
Advantage Rublev ?
The Russian takes the opening set in St. Petersburg 7-6(5)#SPBOpen pic.twitter.com/CExGbY3ZKv
— Tennis TV (@TennisTV) October 18, 2020