Дебитантот на завршниот Мастерс во лондон, осмиот светски тенисер Андреј Рубљев зборува за очекувањата од дуелот против „кралот“ на земјена подлога, Шпанецот Рафаел Надал.
„Се радувам на тој меч, Рафа е еден од најдобрите играчи во историјата. Немам што да загубам, целиот притисок е врз него, а овде секој меч е тежок затоа што најдобрите се тука. Благодарен сум на тимот кој го имам околу себе, поради нив сум тука каде што сум, затоа што ми даваат многу енергија и поддршка. Сето тоа дава двојна мотивација“ рече рускиот тенисер.
Сепак рече дека не може да побегне од нервозата со самото тоа што ќе е дел од толку голем турнир.
„Секако дека сум нервозен, ќе играм овде првпат. Најдобрите тенисери во светот се тука, нормално е така да се чувствувам“ заврши тенисерот со најмногу освоени АТП титули оваа сезона.
Освои импресивни 5 титули што треба да е предупредување за ривалите во Лондон.