Руседски до Федерер: Роџер, време е за пензија!

Руседски до Федерер: Роџер, време е за пензија!

пред 3 години

„Федерер им пркоси на времето и на логиката, практично створи нова игра во 2017 година. Но сега не може да смисли нешто ново, затоа што сега се е базирано на многу движење и удирање на топчето, така што одите напред“. Ова е објаснувањето на поранешниот тенисер Грег Руседски, некогашниот четврти светски тениски рекет кој го познава Федерер од неговата 16-та година,

„Постои едно главно прашање – дали Роџер ќе биде среќен ако нема шанса за да освои барем уште една грен слем титула? Одговорот на тоа го има само Роџер. Го познавам од кога имаше 16 години и би рекол дека тој не би бил задоволен со тоа да е само учесник. Не верувам дека е го исполни тоа само да се појави на турнирите, без да знае дека може да ги освои“ вели Руседски.

Федерер веќе се повлече од настап на ОИ кои за 9 дена започнуваат во Токио, но нагласи дека верува дека ќе се врати на терените во текот на летово.

Во август полни 40 години, а на неодамна завршениот Вимблдон загуби во четвртфиналето од Полјакот, Хуберт Хуркач.

Share
Scroll to Top