САД ја освоија Лигата на нации

САД ја освоија Лигата на нации

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на САД, го освои трофејот во Лигата на нации, во КОНКАКАФ зоната. Во финалето, Американците го победија Мексико со 3:2.

Мексико, испушти шанса во регуларниот дел од натпреварот, кој се одигра во Денвер, да го освои пехарот, а потоа во финишто на второто продолжение да избори пенали.

Корона го постигна првиот гол на мечот за Мексико во втората минута. Израмни Рејна во 27. Нова предност на Мексиканците им донесе Лајнес во 79.минута, а три минути подоцна голманот Очоа со несмасна интервенција си постигна авто-гол.

Во продолженијата, голот за победа на САД го постигна Пулишиќ од пенал во 114.минута. Во самиот финиш пенал за Мексико не успеа да реализира ветеранот Гуадрадо.

Дуелот заврпи со неколку инциденти, играчите се обидоа физички да се пресметаат, а навивачите од трибините со флаши и чаши фрлаа по нив.



Share
Scroll to Top